Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на насилство и зависности

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на насилство и зависности

Денеска (27.05.2026) во Свети Николе, Пробиштип и Берово, полициски службеници од СВР Штип спроведоа превентивни активности со мотоциклистите, со цел зголемување на нивото на сообраќајна култура, преку потсетување на сообраќајните правила, прописи и обврски за внимателно и одговорно учество во сообраќајот и зголемување на безбедноста на возачите на мопеди и мотоцикли, особено за користење на заштитна кацига. Во Штип пак беа реализирани превентивни активности „Не користи мобилен телефон“ и „Стави појас“, при што на возачите им беше укажано за опасностите од користење мобилен телефон при управување возила, како и за потребата од користење на сигурносен појас како од страна на возачите, така и од страна на сопатниците. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.

Едукативна работилница од областа на сообраќајот беше реализирана и од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје во ООУ „Партенија Зографски“, а дечињата од градинката „Светот на Колорес“ беа гости во ПС Карпош. Полициски службеници од СВР Скопје остварија и средби со родители на повеќе училишта на тема насилство, зависности и други девијантни појави.

Мени за пристапност