На 31.05.2026 година, Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Национални шуми, спроведе превентивно-едукативна кампања во рамки на оперативната акција „Пожар 2026“, на подрачјето на Полициското одделение Сарај.
Целта на активноста е подигнување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните.
За време на активноста беше укажано на опасностите од предизвикување шумски пожари, особено при палење на отворен простор за подготовка на храна, фрлање отпушоци од цигари и други облици на невнимателно однесување.
Во рамки на кампањата, на присутните граѓани беа поделени едукативни материјали – летоци со препораки за превенција и заштита од пожари, со цел унапредување на јавната свест за безбедно однесување во природа.