На 24.07.2026 на повеќе локации во централно градски подрачје во Кочани, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани реализираа превентивна активност на тема ,,Сите сме пешаци“. Основна цел на активноста беше да се зголеми сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните првила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
На наплатна станица Романовце, регионален патКуманово - Свети Николе и на магистрален пат Куманово - Крива Паланка, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово реализираа превентивни активности за безбеден сообраќај и како да се заштитиме од кражби во возила. На возачите и на сите други учесници во сообраќајот им беше укажано одморени да управуваат возило и да тргнуваат на подолги релации, да користат течности и на секои 2-3 часа да права паузи. Исто така, беше посочено особено да внимаваат и да не оставаат вредни предмети во автомобилот и на тој начин да се заштита од евентуални кражби и предизвикување материјални штета на возилата.
Превентивна активност за заштита на шумите од пожари и спречување на пожарите на отворено вчера беше спроведена од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево и претставник од Шумско стопанство „Малешево“ – Берово. Притоа, во село Ратево и на повеќе локации во општина Берово, полициските службеници ги информираа граѓаните за поголема внимателност и за намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор.
Исто така, граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции, како и за мерката за целосната забрана за движење во шумите. За време на сите активности, на граѓаните беа делени летоци со едукативна содржина.