Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за безбеден сообраќај, како да се заштитиме од кражби во возила 

Превентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за безбеден сообраќај, како да се заштитиме од кражби во возила 

 

Денеска (23.07.2026), Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивни активности за заштита од кражби во возила и за безбеден сообраќај. На подрачјето на Центар, на ул.„Лазар Личеновски“ и паркинг просторот кај Скопско Кале реализирана е кампањата „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, при што на возачите им беше укажано да не оставаат вредни предмети во автомобилите додека се паркирани, а на возилата им беше оставан едукативен материјал со едукативна содржина. Додека, активностите за безбеден сообраќај беа реализирани на бул.„Србија“ на подрачјето на ПС Аеродром на темите „Носи кацига“ и „Не зборувај на мобилен додека управуваш со моторно возило“. Основна цел на кампањата беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи при управување на моторни возила и мотоцикли. 


Превентивни активности денеска беа спроведени во неколку градови на подрачјето на СВР Штип. Во Берово, Кочани, Штип и Пробиштип спроведени се превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот на темите  
„Безбедно на тротинет и мопед“, „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ и „Стави појас“. За време на активностите на возачите учесници во сообраќајот беше поделен едукативен материјал со корисна содржина и совети каде е појаснета законската регулатива околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Додека, пак, вчера (22.07.2026) во централното градско подрачје и на Градскиот пазар во општина Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип реализирана превентивна активност „Дали знаете каде е вашето дете по полноќ“. Основна цел на активноста е зголемување на сеопфатната безбедност во насока почитување на законите, зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, подигнување на свеста кај родителите, како и кај малолетниците за зголемена контрола од страна на родителите особено во ноќните часови преку давање совети за избегнување алкохол и наркотични средства, како и избегнување на прекршоци и кривични дела со елементи на насилство, а за кои како можни сторители можат да се јават малолетниците. Исто така, на родителите им беше укажано и дека занемарената грижа може да претставува прекршок или кривично дело. За време на превентивната активност делени се летоци со едукативна содржина на темата.

Мени за пристапност