Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Штип, СВР Тетово и СВР Скопје за безбеден сообраќај, за спречување на семејно и други видови насилство и за заштита од пожари на отворено

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Штип, СВР Тетово и СВР Скопје за безбеден сообраќај, за спречување на семејно и други видови насилство и за заштита од пожари на отворено

 

Денеска (22.07.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Во непосредна комуникација на возачите им беше укажано за опасностите од користење мобилен телефон при управување возила.

Целта на активноста беше да се влијае на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и нивото на сообраќајна култура во насока на намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Додека, пак, полициски службеници од ОВР Кавадарци на подрачје на Росоман реализираа превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“. Притоа, на граѓаните им беше укажано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска, како за возачите, така и за патниците во возилата. За време на активностите беше поделен печатен едукативен материјал,  изработен во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност Скопје. 


Превентивни активности за безбеден сообраќај денеска беа реализирани и во Штип и Кочани. Во Штип, полициски службеници од ПС за БПС Штип реализираа активност на тема „Ако пиеш не вози“ и „Ако возиш не пиј“, при што на учесниците во сообраќајот им беше посочено дека санкциониран ќе биде секој возач кој консумирал алкохол и е над границата на дозволеното, а управувал возило. На повеќе локации во Кочани беа спроведени активности под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и ,,Стави појас“. За време на активностите на возачите им беше посочено да возат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Додека, на Градскиот пазар во Виница спроведена е превентивна активност под мотото  „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“.

На средби со граѓаните им беа давани совети за самозаштита и достапни упатства за помош и начините како да се препознае насилството, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Основна цел е зголемување зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. „Не користи мобилен телефон додека возиш“ беше темата на која се дискутирше со возачите, при што беа споделени статистики на смртни случаи и телесно повредени лица во сообраќајни незгоди како резултат на користење на мобилен телефон при управување со моторно возило, како и  казнените одредби согласно ЗБСП. 


На 22.07.2026, во рамките на кампањата „Безбедно лето-вози одморен“, на наплатна рампа Миладиновци, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП на возачите им делеше едукативен материјал со совети како да се подготват пред тргнување на пат.  На подрачјето на Полициското одделение Петровец, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе и превентивно-едукативна кампања за заштита на шумите од пожари. Притоа, во с.Ајватовци и с.Мршевци на жителите им беше потенцирано дека треба одговорно да се однесуваме, да не фрламе отпушоци, да внимаваме при правење скара. Исто така, беа делени летоци со едукативна содржина.

Мени за пристапност