Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај, заштита на шумите од пожари и заштита од кражби

Превентивни активности на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај, заштита на шумите од пожари и заштита од кражби

 

На 21.07.2026, Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачјето на Полициското одделение Сарај и на Полициската станица Центар спроведе превентивно-едукативни кампањи за заштита од пожари и заштита од кражби. За време на активностите на граѓаните им беше делен  едукативен материјал со препораки за заштита од пожари на отворено, како и со препораки да не оставаат вредни предмети во автомобилите додека се паркирани за да  не привлекуваат внимание и оштетување на возилата и крадење на оставените вредни предмети. 


Денеска (21.07.2026), полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Велес на подрачје на Велес реализираа сообраќајна превентивна активности под мотото „Возете безбедно-со технички исправно возило“. Целта на активноста беше да се подигне степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на потребата за редовно одржување и техничка исправност на возилата како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. 


Превентивна активност беше реализирана и од полициски службеници од ОВР Неготино во неготинските села Дуброво и Тремник, како и во Демир Капија,  на тема „Пламените јазици се незапирливи“. Додека, на 20.07.2026  на подрачје на Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци реализираа превентивна активност под мотото „Алкохолот и воланот не одат во двојка“. Целта на активноста беше да се подигне степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол. Во рамки на сообраќајните активности беше поделен печатен едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност Скопје. 


Денеска (21.07.2026) на подраќјето на СВР Штип бе ареализирани превентивни активности во Делчево и во Берово. Во Делчево беше реализирана превентивна активност на тема „Сите сме пешаци“ со основна цел зголемување на сообраќајната култура, почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.


Во Берово, пак, беше спроведена превентивна  активност во содејство со Територијалната противпожарна единица, ЈП „Национални Шуми“ и Регионалниот центар за управување со кризи на тема ,,Да се заштитиме од пожар на отворен простор”. За време на активноста беа поделени  летоци со едукативна содржина, а во непосредни разговори со граѓаните им беа давани совети за заштита и намалување на опасностите за настанување на шумски пожари на отворен простор.

Мени за пристапност