Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Скопје и СВР Штип за безбеден сообраќај и за безбедност на младите

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Скопје и СВР Штип за безбеден сообраќај и за безбедност на младите

Во рамки на кампањата „Безбедно во лето - вози одморен“, во текот на вчерашниот ден (24.07.2026), полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со преставници од РСБСП, на подрачје на општина Градско реализираа превентивна активност и во непосредна комуникација на возачите им укажаа за важноста одморен да се управува возило. Заморот и падот на концентрација се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето и затоа од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење, задожителна употреба на сигурносен појас за сите патници и да не се користи мобилен телефон при управување со возило. Вчера, превентивна активност за безбеден сообраќај беше спроведена и во Кавадарци, каде што особен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите и обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. На возачите им беше поделен и едукативен материјал, изработен во соработка со РСБСП. Исто така, на 24.07.2026, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП реализираше превентивни активности за безбеден сообраќај на подрачјето на Центар и Бит Пазар на темите „Носи кацига“, „Пешаци“ и „Носи појас“. Основна цел е зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, при управување на моторни возила и мотоцикли, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, реализираа „Соседска-граѓанска патрола“ во рамки на превентивните активности насочени кон безбедноста на младите и одржување на јавниот ред и мир. Заедно со претставници од Советот на општина Штип и Центарот за социјални работи Штип беа посетени места каде има зголемено присуство на малолетни лица, како паркови, игралишта и слично. На малолетниците им беше укажано на потребата од совесно и одговорно однесување и почитување на јавниот ред и мир, а особено внимание беше посветено на превенција од меѓуврсничко насилство, вандализам и несаканите последици од употреба на алкохол и психотропни супстанци. Исто така, во содејство со Центар за социјални работи Пробиштип и Општински совет за превенција од детско престапништво, реализирана е превентивна активност на тема ,,Соседска - мешана патрола". Основна цел на активноста е преземање на мерки и активности за унапредување на соработката на полицијата со заедницата, спречување / намалување на насилство и меѓуврсничко насилство, спречување на сите форми на булинг, спречување на достапност и ширење на опојни дроги и психотропни супстанци.

Мени за пристапност