Денеска (26.07.2026) во близина на наплатна станица Желино и наплатна станица Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, спроведоа превентивна активност „Алкохолот и воланот не се добар пар“.
Кампањата е спроведена со цел зголемување на свеста кај возачите за опасностите од управувањето возило под дејство на алкохол.
На возачите на моторни возила учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со информативно - едукативна содржина изготвени од МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност Скопје .