Отсек за превенција при СВР Куманово во текот на викендот спроведе неколку превентивни кампањи. На Граничен премин Пелинце спреведена е кампањата „Вози одморен“, при што на возачите кои транзитираат на ова подрачје им беше укажано за внимателно однесување во сообраќајот, да прават почести паузи, да ги следат ограничувањата на брзината според сообраќајните знаци и да не фрлаат отпушоци низ прозорци. Исто така, на возачите им беше делена вода за освежување и превентивен материјал со насоки за безбедно лето без сообраќајни незгоди и без пожари. Додека, со полициски службеници од Полициското оделение Стааро Нагоричане беше направена превентивна патрола на повеќе села од Козјачкиот регион, како и на излетничките места Меморијален центар АСНОМ и бања Стрновац. За време на активностите на жителите им беше укажано за внимателност при работа во ниви, со комбајни, трактори, да не се палат стрништа, отпадоци и сува трева од ниви и дворови за да се спречи појава на пожари со големи размери и штети по имот на граѓаните.
На 27.07.2026, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивно - едукативна кампања на подрачјето на Полициската станица Центар под мотото „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“. Основна цел беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста на возачите на моторни возила им беше укажано кога ги напуштаат своите возила да не оставаат вредни предмети на видно место за да не станат цел на крадците.
Исто така, денеска, на повеќе локации во Кочани и Виница беа реализирани превентивни активности под мотото „Вози одговорно - носи кацига“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите учесници во сообраќајот им беше укажано да возат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, додека на мотоциклистите и возачите на велосипеди и електрични тротинети им беше потенцирано дека носењето кацига може да им спаси живот. За време на активноста беа поделени и летоци со едукативна содржина.