Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Тетово, РЦ за ГР Исток, СВР Штип, СВР Велес и СВР Скопје за побезбеден сообраќај, заштита од имотни деликти и поголема безбедност на младите

Превентивни активности на СВР Тетово, РЦ за ГР Исток, СВР Штип, СВР Велес и СВР Скопје за побезбеден сообраќај, заштита од имотни деликти и поголема безбедност на младите

 

Денеска (28.07.2026) на неколку локации во централното градско подрачје во Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово спроведе превентивна активност под мотото ,,Размисли на другите каде го паркираш возилото". Притоа, на возачите им беше укажано дека неправилното паркирање е причина за голем број сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите.На возачите им  беа делени летоци со едукативен материјал.
На 27.07.2026 на место викано Суви Лаки на патот Берово - Струмица, полициски службеници од  Полициската станица за граничен надзор Пехчево, реализираа превентивна активност за безбеден сообраќај на тема „Вози одморен". Преку непосредни разговори, возачите беа потсетувани кога тргнуваат на подолги патувања да бидат одморени, за време на патувањето да прават пауза на секои два до три часа, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 
Превентивни активности за безбеден сообраќај денеска без спроведени и во Кочани и Штип. Активноста во Кочани беше на  тема  „Ако пиеш не вози“ и „Ако возиш, не пиј“. За време на активностите на возачите учесници во сообраќајот им беше потенцирано дека санкциониран ќе биде секој возач кој консумирал алкохол и е над границата на дозволеното, а управува патничко моторно возило. Додека, пак, во Штип, активностите беа спроведени под мотото ,,Паркирај совесно, паркирај одговорно“ и „Одговорно на пешачки премин“. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со корисни совети за почитување на законските правила и прописи.  Исто така, денеска, во Берово беше реализиран активност на тема „Соседска-граѓанска патрола“. Активноста беше спроведена заедно со претставници од Советот на општина Штип и Центарот за социјални работи Штип, при што беа посетени места каде има зголемено присуство  на малолетни лица, како паркови, игралишта и слично. Притоа, на ммалолетниците им беше укажано за потребата од совесно и одговорно  однесување  и почитување на јавниот ред и мир, а особено внимание беше посветено на превенцијата од меѓуврсничко насилство, вандализам и несаканите последици од употреба на алкохол и психотропни супстанци. 
Денеска, на подрачјето на СВР Велес, исто така, беа спроведени превентивни активности. Во Велес беше реализирана активност на тема „Вози безбедно со трототинет и велосипед“, каде што главната цел беше потсетување на учесниците во сообраќајот за внимателно и одговорно учество во сообраќајот и за зголемување на нивото на личната безбедност кога се во улога на возачи на велосипеди и на електрични тротинети. Во Неготино, пак беше реализирана превентивна активност за заштита од имотни деликти. На граѓаните им беше укажано за потребата од поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на  имотни деликти.И за време на овие активности на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина. 
На подрачјето на СВР СКопје, односно на подрачјето на Полициското одделение беа спроведени активности за заштита од имотни деликти на тема  Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ и за безбеден сообраќај на повеќе теми. Основна цел на активностите беше да се заштитат граѓаните од кражби во возила, зголемување на безбедносната култура, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните и почитување на сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на користењето заштитен шлем или кацига.

Мени за пристапност