Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување на насилство и имотни деликти

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување на насилство и имотни деликти

Денеска (08.10.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивни активности во пресрет на одржувањето на претстојната „Питијада 2026“, со цел спречување на појавите кои можат да го нарушат јавниот ред и мир и да ја загрозат безбедноста на граѓаните и имотот, а акцент беше ставен и на превенција од насилство, девијантни појави кај малолетници, употреба на алкохол и недозволени супстанции, оштетување на јавен и приватен имот и зголемување на нивото на сообраќајна култура. На подрачје на општина Велес беше реализирана и сообраќајна превентивна активност со цел да им се укаже на возачите за ризикот од управување на возило под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Во ОУ „Никола Вапцаров" во Струмица и ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци, полициски службеници од СВР Струмица и СВР Штип им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно. Превентивни активности за безбеден сообраќај беа реализирани и во Пробиштип, при што беше потенцирана потребата возилата да бидат технички исправни и редовно сервисирани.  

Вчера (07.10.2026) во рамките на одбележувањето на Детската недела, ученици од второ и трето одделение од ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ и деца од детската градинка „Олга Мицеска“ од Кичево ја посетија ПС Кичево, а ученици од трето одделение од ООУ „Кузман Јосифовски- Питу“ и  ООУ „Рајко Жинзифов“ од Скопје ги посетија ПС Кисела Вода и ПС Драчево, каде имаа можност да се запознаат со професијата полициски службеник, односно кое е нејзиното значење за безбедноста на граѓаните. Исто така, им беа презентирани и дел од техничките средства, опремата и возилата што полициските службеници ги користат во рамки на извршувањето на полициските задачи.  Во ООУ „Рајко Жинзифов“, Одделението за превенција при СВР Скопје реализира и едукативно предавање за спречување на врсничко насилство. 

Отсекот за превенција при СВР Тетово во Тетово спроведе превентивни активности за заштита од имотни деликти, во рамки на кои ги советуваа граѓаните како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Исто така, претставници од Отсекот за превенција при СВР Тетово остварија средба со претседателот на Ловното друштво „Бујна Леска“ од с. Брвеница, со цел зголемување на безбедноста за време на ловната сезона преку навремено укажување на ловците за строго почитување на законските прописи.

Мени за пристапност