Денеска (09.10.2026) полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа превентивна активност „Секој може да биде жртва“, при што на граѓаните им беа дадени совети за поголема лична и имотна безбедност и насоки како да се заштитат од имотни деликти односно како да го намалат ризикот да станат жртви на овие кривични дела. Во рамки на активноста беше поделен и печатен едукативен материјал.
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска реализираа сообраќајни превентивни активности, со цел да им се укаже на возачите за потребата и обврската своите возила да ги паркираат на обележани паркинг простори, додека вчера попладне спроведоа активности насочени кон спречување на појавите кои можат да го нарушат јавниот ред и мир и да ја загрозат безбедноста на граѓаните и имотот, во пресрет на одржување на манифестацијата „Питијада 2026“.
Превентивна активност за потребата од прописно паркирање беше спроведена и во Штип, од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, а во Делчево полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Делчево реализираа превентивни активности „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“.
Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, како и мерките за заштита, при што беа споделени постапките и процедурите при појава на овој вид на случаи, како и достапноста на помош, заштита и привремен престој, со акцент на важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство. Во Пробиштип пак, полициски службеници од ОВР Пробиштип во ООУ „Браќа Миладиновци” во Пробиштип реализираа едукативно предавање со учениците од осмо одделение, со цел превенција од меѓуврсничко насилство. како и безбедно користење на интернет, заштита на личните податоци, приватноста на профилите и слично.