По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, на 11.10.2026 година, на подрачјето на Штип, Делчево, Кочани, Виница, Свети Николе и Македонска Каменица, Отсекот за превенција при СВР Штип и полициски службеници од надлежните одделенија за внатрешни работи реализираа превентивна кампања под мотото „Слави со срце, не со оружје“.
Преку непосредна комуникација со граѓаните и делење едукативни летоци, полициските службеници упатуваа пораки за опасностите и последиците од употребата на огнено оружје при прослави, нагласувајќи ја личната и колективната одговорност, како и важноста од навремено пријавување на незаконската употреба на оружје.
Истиот ден, полициски службеници од ОВР Пробиштип реализираа превентивни активности во рамки на кампањите „Слави со срце, не со оружје“, „Секој куршум има мета“ и „Фокус на безбедноста“. Во непосредна комуникација со ловџиите, особено во периодот на ловната сезона, беше укажано на потребата од строго почитување на безбедносните правила при ракување и употреба на оружје, како и на законските обврски во врска со пријавувањето на оружјето.
Преку овие превентивни активности, Министерството за внатрешни работи продолжува со подигање на јавната свест и поттикнување на одговорно однесување, со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните и зголемување на безбедноста во заедницата.