Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за врсничко насилство, зависности, заштита од кражби и безбеден сообраќај

Превентивни активности за врсничко насилство, зависности, заштита од кражби и безбеден сообраќај

На 27.10.2026 полициски службеници од СВР Битола, во средното општинско училиште „Ѓорги Наумов" во Битола, реализираа едукативна работилница за заштита и спречување од врсничко насилство како и спречување и злоупотреба на наркотични дроги и психотропни супстанции.

На 28.10.2026 полициски службеници од Полициска станица Штип реализираа едукативно предавање во подрачно училиште на ООУ „Тошо Арсов” во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на теми „Меѓуврсничко насилство и интернет безбедност“. 
Полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Свети Николе во централното градско подрачје реализираа едукативна кампања под мотото „Ако пиеш не вози, ако возиш не пиј“, при што им беа поделени летоци со корисни совети и им беше појаснета законската регулатива околу обврската која ја имаат како возачи, односно да не користат алкохол додека го управуваат патничкото моторно возило. 


На 28.10.2026 учениците од прво до петто одделение од ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ во село Иванковци, велешко, во просториите на СВР Велес имаа можност да се запознаат со професијата полициски службеник и кое е нејзиното значење за безбедноста на граѓаните. Исто така, им беа презентирани и дел од техничките средства, опремата и возилата што полициските службеници ги користат во рамки на извршувањето на полициските задачи. 

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, реализираа превентивна активност за заштита на граѓаните од имотни деликти на тема „Секој може да биде жртва“, при што граѓаните се запознаа со начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Превентивни активности за заштита од кражби денеска се реализираа и на подрачје на Велес, додека на подрачје на општина Чашка беше реализирана превентивна активност на тема „Кажи не на дрогата“, со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност како и начините и методите кои треба да се применуваат во справувањето со овој вид на појави. 

Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, вчера реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, укажувајќи им на возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возилата, додека денеска беше спроведена активност во рамки на која на возачите им беше укажано дека наскоро ќе стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Сообраќајни превентивни активности денеска беа реализирани и на подрачје на Неготино и Кавадарци, во рамки на кои на возачите им беше потенцирана важноста за редовно одржување на техничката исправност на возилата, како значаен предуслов за безбедно учество во сообраќајот, како и за ризикот од управување на возила под дејство на алкохол.
Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.


На 28.10.2026 од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје, на подрачјето на ПСОН Аеродром, ПСОН Гази Баба и ПСОН Кисела Вода, реализираше седум  едукативни работилници , од кои три со ученици од Клубовите за превенција кои ги сочиниваат ученици од седмо до деветто одделение од ООУ „Кузман Јосифовски Питу“- Кисела Вода, ООУ „Љубен Лапе“ и  ООУ„Лазо Ангеловски“ – Аеродром  на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство - Булинг“ и „Превенција од  зависности“. Во ООУ „Стив Наумов“ реализирани се две работилници со учениците од IX одделение на темите Превенција од меѓуврсничко насилство и зависности.


Присутните ученици преку интерактивна комуникација беа запознаени со облиците на сите видови на насилство, физичко, психичко, што претставува меѓуврсничкото насилство – булинг и сајбер булинг, облиците на агресивно однесување помеѓу младите како и за формите на асоцијални и девијантви појави – зависностите, кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините на препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби согласно позитивната законска регулатива прилагодена и соодветна за возраста на учениците.


На присутните ученици им беа поделени и летоци на кои се испишани едукативни пораки – Стоп за булингот, никој не заслужува да се чуствува безвредно и небезбедно. 
Преку меѓуинституционална соработка со Прва детска амбасада Меѓаши во ООУ „Димитар Македонски“ на подрачје на ПСОН Аеродром беа реализирани две едукативни работилници на тема „Безбеден интернет простор за деца и млади“ насочена кон унапредување на заштитата на децата и подигнување на свеста за безбедноста на интернет и превенција од онлајн ризици и механизмите за заштита на децата во дигиталната средина.
Исто така во соработка со РСБСП реализирана е една работилница во СУГС АСУЦ „Боро Петрушевски“ со учениците од III и IV година на тема „Учам-полагам-возам“.

Мени за пристапност