Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај, шумски пожари, бесправна сеча на дрва, врсничко насилство, измами и зависности

Превентивни активности за безбеден сообраќај, шумски пожари, бесправна сеча на дрва, врсничко насилство, измами и зависности

 

На 29.10.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа едукативно предавање на тема „Учам, полагам, возам“ во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип на учениците  од  трета и четврта  година со цел запознавање со основните сообраќајни правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.
Општина Кочани во соработка со Вело училиште и учениците од ОУ„Кирил и Методиј“ Кочани денеска организираа работилница на тема „Безбедно до училиште одржлива мобилност за секој ученик“ со мотивација за учениците да го користат велосипедот како превозно средство

Согласно месечен план за Превенција од РЦ за ГР Север за Октомври на тема „Превенција од шумски пожари и бесправна сеча на дрва“, од страна на УПС од ПС за ГН Попова Шапка и ПС за ГН Блаце на станичното подрачје и тоа  м.в. Појато, с. Горњани, Бањани, Сандево и Магистрален пат Скопје ГП Блаце, потоа с.Шипковица, и с.Вешала, реализирана е превентивна активност со месното население и граѓани на кои им беше укажувано за опасностите од пожари, а воедно беа информирани и за можноста како да пријават пожар и бесправна сеча на дрва со цел навремено реагирање на соодветните служби како би се спречила појава и ширење на овие појави и нивната казнивост според Законската регулатива. Граѓаните беа информирани за штетните последици од незаконската сеча на шумите, како и за опасностите од настанување и ширење на шумски пожари. На граѓаните им беше укажано за потребата од одговорно однесување во шумските и руралните подрачја, почитување на законските прописи и навремено пријавување на сомнителни активности поврзани со незаконска сеча, како и појава на пожар. Со наведената активност се придонесува кон подигнување на јавната свест, превенција на незаконската сеча на шуми и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари.

На 29.10.2026 полициски службеници од ОВР Кавадарци во ООУ „Тошо Велков Пепето“ во Кавадарци, за учениците од деветто одделение, реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. 
Едукативни предавања за заштита од насилство и безбедно учество во сообраќајот,  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициско одделение Чашка денеска реализираа во ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка и подрачното училиште во село Мелница. Целта на овие активности е децата, како најмлади учесници во сообраќајот, од најрана возраст да се запознаат и со основните сообраќајни правила и прописи, укажувајќи им како правилно да се движат и преминуваат  улица и неопходноста од внимателност кога се во улога на пешаци или велосипедисти. 
На подрачје на Демир Капија пак, беше спроведена превентивна активност за заштита од измами, во рамки на која граѓаните беа советувани како да го зголемат нивото на нивната лична и имотна сигурност, при што им беше потенцирано да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица и да не оставаат свои лични податоци.


На 29.10.2026 Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од ПС/ПО, на подрачјето на ПСОН Кисела Вода, ПС  ОН Драчево  и ПО Шуто Оризари, реализираше две  едукативни работилници, со ученици од Клубовите за превенција кои ги сочиниваат ученици од седмо до деветто одделение од ООУ „Драга Стојановска“- Сопиште, ООУ „Дитурија“-Чифлик,  ООУ„Браќа Рамиз и Хамид“ – Шуто Оризари, ООУ „Лириндија“ с.Батинци и ООУ„Наим Фрашери“, с.Студеничани,   на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство - Булинг“, „Превенција од  зависности“ и „Детски права“. 

Присутните ученици преку интерактивна комуникација беа запознаени со облиците на сите видови на насилство, физичко, психичко, што претставува меѓуврсничкото насилство – булинг и сајбер булинг, облиците на агресивно однесување помеѓу младите како и за формите на асоцијални и девијантви појави – зависностите, кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците.

Мени за пристапност