Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за врсничко насилство, безбеден сообраќај, заштита од кражби

Превентивни активности за врсничко насилство, безбеден сообраќај, заштита од кражби

На 30.10.2026 полициски службеници од Полициска станица Берово реализираа едукативно предавање во подрачно училиште на ООУ „Ацо Русковски“ во Берово на учениците од шесто и седмо одделение на теми „Меѓуврсничко насилство“ и „Интернет безбедност“.

На 30.10.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани спроведоа превентивна активност на повеќе локации во централно градско подрачје во  Кочани на тема „Ако пиеш не вози“. Поделени беа летоци со совети на возачите. 

На 30.10.2026 на градскиот пазар во Штип полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип реализираа едукативна кампања под мотото „Да се заштитиме од џебни кражби“, којa се реализираше со лична средба на граѓаните на кои им беа давани совети за само заштита, заштита од имотни деликти (разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба, џебни кражби други кривични дела), каде особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата пред се брзо пријавување на бесплатниот телефонски број 112, при што им беа поделени летоци со едукативна содржина.


Отсекот за превенција при СВР Тетово, вчера (29.10.) во Основно училиште ,,Кирил и Методиј" во Тетово продолжи со одржување на едукативно предавање ,,Правила на мали пешаци“, во кој беа опфатени децата од прво одделение, на кои полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, им одржаа предавање и им објаснија на децата како да се движат во сообраќајот, секако со напоменаа да внимаваат на сообраќајните знаци.

На 30.10.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа едукативна активност на тема „Правила за малите пешаци“. Целта на оваа активност е децата од најрана возраст да се запознаат со сообраќајните правила и прописи. Во рамки на активноста, децата добија сообраќајни боенки, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.
На подрачје на општина Кавадарци беше реализирана сообраќајна превентивна активност во рамки на која на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на заштитен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, како и превентивна активност за заштита од семејно насилство. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

На 30.10.2026 од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје, на подрачјето на ПСОН Драчево и ПО Петровец , реализираше три едукативни работилници, од кои една со ученици од Клубот за превенција кои ги сочиниваат ученици од седмо до деветто одделение од ООУ „Марко Цепенков“ с.Зелениково, ООУ „Љубен Лапе“ и  ООУ„Лазо Ангеловски“ Аеродром  на тема „ Превенција од меѓуврсничко насилство - Булинг“ и „Превенција од  зависности“. 
Присутните ученици преку интерактивна комуникација беа запознаени со облиците на сите видови на насилство, физичко, психичко, што претставува меѓуврсничкото насилство – булинг и сајбер булинг, облиците на агресивно однесување помеѓу младите како и за формите на асоцијални и девијантви појави – зависностите, кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините на препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби согласно позитивната законска регулатива прилагодена и соодветна за возраста на учениците.

На присутните ученици им беа поделени и летоци на кои се испишани едукативни пораки – Стоп за булингот, никој не заслужува да се чуствува безвредно и небезбедно. 
Преку меѓуинституционална соработка со Прва детска амбасада Меѓаши во ООУ „Ристо Крле“с.Кадино на подрачје на ПО Петровец беа реализирани две едукативни работилници на тема „Безбеден интернет простор за деца и млади“ насочена кон унапредување на заштитата на децата и подигнување на свеста за безбедноста на интернет и превенција од онлајн ризици и механизмите за заштита на децата во дигиталната средина.

Мени за пристапност