Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај, заштита од пожари и кражби

Превентивни активности за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај, заштита од пожари и кражби

На 27.10.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип заедно со полициски службеници од Полициска станица Штип и Полициска станица Кочани на учениците од седмо одделение во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип и ООУ „Малина Поп Иванова“ во Кочани, им одржаа превентивно-едукативна активност на тема „Меѓуврсничко насилство-Безбеден интернет“.

На 27.10.2026 полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Пробиштип, спроведоа превентивни активности на повеќе локации во централните градски подрачја  во  Штип и Пробиштип под мотото „Возете безбедно со технички исправно возило“ и „Стави појас“. За време на спроведувањето на активностите на возачите учесници во сообраќајот и беше појаснета законската регулатива околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи и задолжителното користење на сигурносниот појас. Поделени беа летоци со едукативни совети за возачите учесници во сообраќајот. 

На 27.10.2026 полициски службеници од Полициска станица Виница реализираа  превентивна активност на тема „Симулација и превенција за заштита од пожари“. Превентивната активност беше реализирана во рамките на кампањата за спроведување на превенција и заштита од пожари во затворен простор и се одржа во ООУ„Никола Парапунов“ во село Драгобрашта, виничко. 

На 27.10.2026 полициски службеници од Полициска станица Делчево во селата Габрово и Звегор, реализираа кампања на тема „Безбедно управување со трактор и друга земјоделска механизација“, со цел превентивно делување. 


На 26.10.2026 од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје, на подрачјето на ПО Петровец и ПСОН Гази Баба, реализираше четири едукативни работилници со ученици од Клубовите за превенција кои ги сочиниваат ученици од седмо до деветто одделение од ООУ „ Кочо Рацин“ Петровец, ООУ „Братство и Единство“ с. Средно Коњари, ООУ „Кирил и Методиј“ с.Стајковци и ООУ „Наум Охридски“ с. Булачани  на тема „Превенција од  меѓуврсничко насилство - Булинг“ и „Превенција од  зависности“.
Присутните ученици преку интерактивна комуникација беа запознаени со облиците на сите видови на насилство, физичко, психичко, што претставува меѓуврсничкото насилство – булинг и сајбер булинг, облиците на агресивно однесување помеѓу младите како и за формите на асоцијални и девијантви појави – зависностите, кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините на препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби согласно позитивната законска регулатива прилагодена и соодветна за возраста на учениците.
На присутните ученици им беа поделени и летоци на кои се испишани едукативни пораки – Стоп за булингот, никој не заслужува да се чуствува безвредно и небезбедно. 

На 27.10.2026 полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Неготино, заедно со Општински совет за безбедност на патниот сообраќај, на подрачје на Неготино и Демир Капија реализираа сообраќајни превентивни активности на тема „Вози одговорно“, при што на возачите им беше укажано за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Целта на овие активности е да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајна култура и свеста кај возачите, во насока на зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајните незгоди. 
Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност за одговорно паркирање, потенцирајќи им на возачите своите возила да ги паркираат на обележани паркинг простори, додека полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа активност со акцент на пешаците, како најризична категорија учесници во сообраќајот. При тоа, на граѓаните им беше укажано дека улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, да не користат слушалки и мобилни телефони и да бидат внимателни. 
На подрачје на општините Чашка и Неготино пак, денеска беа реализирани превентивни активности за заштита од кражби и измами. На граѓаните им беше укажано за потребата од поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност, потенцирајќи им добро да ги заштитат своите домови, да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица.
Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал. 

На 26.10.2026 на подрачјето на Битола Демир Хисар, Прилеп, Крушево и Македонски Брод, полициските службеници реализираа превентивна активност во областа на сообраќајот. Притоа, во рамките на кампањите „Биди одговорен-користи сигурносен појас“, „Не користи мобилен телефон додека управуваш моторно возило“ и „Безбеден град за безбедни учесници во сообраќајот“, на возачите им беше укажано за потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи. 

За време на активностите, на возачите им беше поделен едукативен материјал подготвен од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Исто така, реализирани беа активности со повозрасните жители каде тема на  разговор беше поголема заштита од кражби и измами.

Мени за пристапност