Денеска (31.03.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, реализираа превентивно - едукативни активности за заштита од имотни деликти и измами на теми „ Заштити го својот дом“ и „Заштита од џебни кражби“. На граѓаните им беше укажано за потребата од поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби и измами, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им добро да ги заштитат своите домови, да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица за да не дозволат да бидат жртви на кражби и измами. Превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“, во Врановски Анови, Стари Град и Извор, општина Чашка, денес реализираа и полициски службеници од Полициското одделение Чашка.
Полициски службеници од ПО БПС Кавадарци и СВР Штип во Кавадарци, Штип, Кочани и Берово реализираа превентивни активности со цел да се влијае на зголемување на нивото на безбедноста, сообраќајна култура и свеста кај возачите, а во насока на намалување на бројот на сообраќајните незгоди. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.
Полициски службеници од СВР Битола и ПС Берово во Берово и во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во с.Бистрица, битолско, пак, спроведоа превентивни активности со цел да се спречи појавата на секој вид родово базирано насилство. Во рамки на активностите беше ставен акцент на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој. Во непосредна комуникација, на граѓаните им беа давани насоки и совети за тоа што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство.