Денеска (30.03.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, ОВР Македонски Брод и СВР Штип во Велес, село Горно Оризари, велешко, Пробиштип, Македонски Брод, Берово и Пехчево реализираа превентивни активности на тема „Не биди нем сведок“, со цел превентивно да се дејствува во спречувањето на појавата на секој вид родово базирано насилство. Во рамки на активноста беше ставен акцент на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој. Во непосредна комуникација, на граѓаните им беа давани насоки и совети за тоа што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство.
Исто така, на 30.03.2026 полициски службеници од ПС БПС Велес, реализираа превентивна активност на тема „Сите сме пешаци“ насочена кон пешаците, потенцирајќи им дека тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во рамки на активноста на пешаците им беше потенцирано дека улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, со цел да се влијае на подигнување на нивото на сообраќајна култура. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал. Превентивни активности од областа на сообраќајот беа реализирани и во Кочани и Свети Николе.