На 31.03.2026 во Скопје, на територија на Центар и Чаир, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа превентивни активности на тема „Не биди нем сведок“, со цел превентивно да се делува во спречувањето на појавата на секој вид родово базирано насилство. Во непосредна комуникација со граѓаните, им беа објаснети начините како да се превенира родово базираното насилство и достапноста на услугите за помош и заштита доколку сепак се жртви на насилство. Беше укажано и за тоа што можат граѓаните да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Од страна на полициските службеници беше потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство, а беше поделен и печатен едукативен материјал.
Денеска (01.04.2026) на подрачје на Карпош, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа превентивна активност „Безбедноста на пешаците– одговорност на сите нас“, при што на граѓаните им беше потенцирана потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста на патиштата односно намалување на бројот на сообраќајни несреќи.