Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на насилство

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на насилство

Денеска (02.04.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во Општинското основно училиште „Лирија“ во село Бузалково, велешко, реализираа едукативно предавање за учениците од деветто одделение на темите „Сајбер булинг“, „Врсничко насилство“, „Внимателност при користење на социјални мрежи“, „Тик ток предизвици“ и „Зависности“. Учениците се запознаа со начините на манифестирање на девијантните појави, како и со последиците што може да се појават во различни форми. Во рамки на активноста им беа појаснети методите за навремена превенција и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, а им беше укажано и на потребата од поголема внимателност при користењето на социјалните мрежи, со цел да се подигне свеста за сериозно анализирање на содржините на кои наидуваат и целосно избегнување на опасните Тик ток предизвици. Исто така, им беше укажано на штетноста по здравјето од користењето наркотици, алкохол и цигари и негативните влијанија врз развојот на младата личност, семејството и поширокото општествено опкружување.

Полициски службеници ПО БПС Кавадарци пак, денеска реализираа превентивна активност на тема „Возете безбедно со технички исправно возило“, со цел да им се укаже на возачите за важноста од редовно одржување на техничката исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Во Центарот за дневен престој на стари лица во село Турново, струмичко, вчера (01.04.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и сообраќаен инспектор од Општина Босилово одржаа едукативно предавање пред корисниците на центарот на тема „Безбедност на пешаците, одговорност на сите нас“. Активноста се реализираше во рамки на кампањата „Недела на пешаци“ која се одбележува од 01.04 до 07.04.2026 година. Полициските службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје пак, во приватна детска градинка „Кул Кидс“ спроведоа едукативна активност со деца од предшколска возраст во насока на едукација за улогата на пешаците во сообраќајот. Притоа, на проактивен начин на децата им беа објаснети основните сообраќајни поими, правила и прописи, адаптирано на нивна возраст. Превентивна активност од областа на сообраќајот реализираа и полициски службеници од СВР Штип во Кочани, Штип и Пробиштип. 

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, пак, во соодејство со полициски службеници од ПС Штип во Штип спроведоа активност за превенција од употреба на оружје. ,,Животот нема рестарт- Оружјето не е игра!“.

Мени за пристапност