Денеска (05.07.2026) во Штип, Делчево, како и на подрачјето на ПО Теарце во селата Непроштено, Лешок, Теарце и Глоѓи, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, ПО Теарце, Отсекот за превенција при СВР Штип, ОВР Делчево и РЦГР Исток реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше потенцирана потребата за внимателност при извршување на земјоделските работи, надополнето со континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување.
Граѓаните беа информирани за забраната за движење во шуми и шумски подрачја, која е активна од 01.07 до 31.08.2026 и им беше посочено дека доколку забележат пожар, тоа веднаш треба да го пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.