Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Денеска (06.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на наплатната станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одморен“. На возачите им беше укажано за важноста кога управуваат возило да бидат одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето.  Во овој период, кога е зголемен бројот на туристи кои транзитираат низ земјава токму по оваа делница, од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето  и да се следат препораките за безбедно возење. Полициски службеници од ПО БПС при ОВР Кавадарци на подрачјето на Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Стави појас“, потенцирајќи им ја на возачите обврската за задолжително користење сигурносен појас во возилата, но и доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. При тоа, беше нагласено дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност. Полициски службеници од ПС БПС при СВР Штип во Штип реализираа превентивни активности на тема „Носи кацига“ насочени кон возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, на кои им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот.

Полициски службеници од ОВР Кичево, ПО Чашка и СВР Велес, денеска во Чашка и кичевско реализираа превентивни активности за заштита од пожари, во рамки на кои на граѓаните им беше потенцирана потребата од поголема внимателност, поради опасноста од предизвикување на пожари на отворен простор во текот на летниот период, особено кога извршуваат земјоделски работи. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

Мени за пристапност