Денеска (13.10.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачје на ПС Центар реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Стави појас“, со цел да им се укаже на возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возилата, како и за потребата од користење на сигурносниот појас и од страна на возачите, но и од страна на сопатниците, како и доследно почитување на сите сообраќајни правила. Во Кочани пак, полициски службеници од ПС БПС Кочани акцент ставија на обврската за прописно паркирање на возилата, со цел да не се загрозува безбедноста на другите учесници во сообраќајот, пред се пешаците.
Отсекот за превенција при СВР Куманово во текот на изминатиот викенд, во склоп на активностите организирани за одбележување на 11 Октомври, учествуваше во организацијата на традиционалната велосипедска трка во Куманово, како и литературен конкурс на кој учествуваа ученици од основни и средни училишта. Полициски службеници од ПС Пробиштип реализираа едукативни предавања во ПОУ „Браќа Миладиновци” Општина Злетово, со цел спречување на меѓуврсничко насилство и безбедно користење на интернет.