Денеска (14.10.2026) полициски службеници од ОВР Неготино и Полициското одделение Чашка во Неготино, Демир Капија и на подрачје на општина Чашка, реализираа превентивни активности за спречување на појави поврзани со семејно и родово базирано насилство. Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за нивните права и мерки за заштита при постоење на облици на семејно насилство, како и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој, со акцент на важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство.
Полициски службеници од ОВР Неготино и ОВР Делчево во Неготино и Делчево реализираа превентивни активности „Управувај технички исправно возило“, при што беше нагласена обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Во централните градски подрачја на Штип и Берово, пак, беа реализирани превентивни активности „Не користи мобилен додека управуваш со патничко моторно возило“, при што на возачите им беа посочени последиците кои можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека возат, како и санкциите за ваквите прекршоци.
На подрачјата на ПС Центар и ПС Бит Пазар, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивна активност за заштита од телефонски измами. Превентивната активност беше насочена кон информирање и едукација на повозрасните граѓани, кои се најчеста жртва на таквите измами. Преку непосредна комуникација и делење едукативен материјал им беа појаснети начините како да се заштита од ваквите кривични дела, како и потребата од навремено пријавување на броевите 112 или 192.