На 08.06.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во населба Чашка и село Извор, општина Чашка, реализираа превентивна активност „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и бесправни сечи“.
Вакви превентивни активности беа реализирани и од страна на Отсекот за превенција при СВР Куманово во Козјачкиот регион и селата на подрачје на општина Старо Нагоричане, како и од полициски службеници од ОВР Делчево во повеќе села на подрачјето на општина Делчево, како и планината Голак. На граѓаните им беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и сл. со цел брза и навремена реакција. Во текот на летниот период, поради зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, во Кавадарци, Скопје и Штип, полициски службеници од ОВР Кавадарци, ПС БПС Штип и Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа превентивни активности насочени кон безбедноста во сообраќајот на мотоциклистите и граѓаните кои управуваат електрични тротинети и велосипеди, со цел да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајна култура, напоменувајќи им на потребата за почитување на сообраќајните правила и прописи и внимателно и одговорно учество во сообраќајот.
Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал. Одделението за превенција при СВР Скопје пак на подрачјата на општините Аеродром и Карпош спроведоа превентивни активности за заштита од имотни деликти.