Денеска (06.06.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, на територија на ПС Ѓорче Петров реализираа превентивна активност насочена кон спречување на пожари.
Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека предизвикувањето пожар е кривично дело, кое соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.