Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Скопје, СВР Штип и СВР Велес за безбеден сообраќај и спречување пожари

Превентивни активности на СВР Скопје, СВР Штип и СВР Велес за безбеден сообраќај и спречување пожари

Денеска (10.06.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, на територија на ПС Гази Баба реализираа превентивна активност насочена кон спречување на пожари. Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека предизвикувањето пожар е кривично дело, кое соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“. Исто така, на територија на ПС Гази Баба, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди. Целта на активностите беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, при што беше укажано на обврската за носење заштитен шлем. a

 

Превентивни активности за безбеден сообраќај реализираа и полициски службеници од ОВР Пробиштип во Пробиштип, а полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачје на Велес. На пешаците им беше потенцирано дека улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации, а на возачите да не возат под дејство на алкохол и да го користат сигурносниот појас и секако да ги почитуваат сите сообраќајни правила и прописи. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал, изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје.

Мени за пристапност