Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за последиците од употреба на пиротехнички средства безбеден сообраќај, бесправна сеча, злоупотреба на мало, лесно и ладно оружје врсничко и сајбер насилство

Превентивни активности за последиците од употреба на пиротехнички средства безбеден сообраќај, бесправна сеча, злоупотреба на мало, лесно и ладно оружје врсничко и сајбер насилство

 

На 25.11.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип заедно со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип и претставници од Црвен крст Штип во централно градско подрачје во Штип  реализираа едукативна кампања под мотото „Ако пиеш не вози, ако возиш не пиј“. Целта е подигање на јавната свет кај граѓаните за побезбеден сообраќај.

На 25.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип заедно со претстваници од Црвен Крст Штип во ООУ „Страшо Пинџур“ во село Карбинци, Општина Карбинци на учениците им реализираа едукативно предавање на тема „Превенција и заштита од зависностите - никотин, алкохол и дрога“. 

На 25.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип и Пробиштип реализираа едукативни предавања „Учам, полагам, возам“ во СОУ „Славчо Стојменски“ во Штип и СОУ „Наум Наумовски Борче“ во Пробиштип на учениците од трета и четврта година, при што ги запознаа со основните сообраќајни правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.

На 25.11.2026 во централното градско подрачје во Кочани полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани реализираа едукативна кампања под мотото „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило“. Целта е подигање на јавната свет кај граѓаните за побезбеден сообраќај.

На 25.11.2026 во  централното градско подрачја во Берово, полициски службеници од  полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Берово реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот во рамки на кампањата „Вози одговорно стави појас“. За време на превентивната активност на возачите им се поделени  едукативни летоци.

Во текот на месец Ноември од страна на Полициски службеници од ПС за ГН Рогачево при РЦ за ГР Север е работено по План за Превенција во врска со Заштита на шумите уништување од бесправна сеча, со цел превентивно делување против уништување на шумата. На автопатот кај с. Јажинце е делувано превентивно со граѓаните каде им беа делени летоци со цел да се запознаени со наведените активности кои се превземат од наша страна. 

На (24.11.) полициските службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Деве Баир, во ООУ „Јоким Крчовски“ с. Жидилово, општина Крива Паланка, заедно со лекар од ЈЗУ Академик проф. Д-р Димитар Арсов, одржаа едукативно предавање на учениците на тема: „Пиротехнички средства и последици од употреба на пиротехнички средства“. Преку едукативна презентација, разговори и поделба на летоци, учениците беа запознаени за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства особено актуелна за време на новогодишните и божиќни празници, при што им беа потенцирани казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста на граѓаните и прекршочните санкции  согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир  чл. 31, предвидува глоба во изност од 100 до 250 евра во денарска против вредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозив или лесно запалив материјал, или на сличен начин  го нарушува  мирот и безбедноста на граѓаните.

На 24.11.2026 во ООУ „Вера Јоциќ“ на подрачје на oпштина Гази Баба, беа реализирани две едукативни работилници со ученици од второ одделение на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. 

На 24.11.2026  во ООУ „Дитурија“ на подрачје на општина Сарај, беа реализирани две едукативни работилници  со ученици од второ одделение на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. 

На 24.11.2026 во ООУ „Кирил и Методиј“ на подрачје на општина Чучер Сандево, беше реализирана едукативна работилница со ученици од VII и VIII одделение, кои го сочинуваат Клубот на превенција, согласно планот „Безбедност во училиштата“ и ОА Превентива. Едукативната работилница беше на тема „Зависности и насилство“, а во рамки на работилницата учениците беа запознаени и со значењето на поимот меѓуврсничкото насилство - Булингот, формите на врсничко насилство (физичко, психичко, сајбер - булинг и семејно насилство), начинот на препознавање, пријавување и барање на помош, како и законската регулатива.

Денеска 25.11.2026 полициски службеници од ОВР Кавадарци во средното училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци, реализираа едукативно предавање за заштита и спречување на врсничко и сајбер насилство. Притоа, учениците се запознаа со начините и методите за навремена превенција и справување со формите на насилничко однесување, облиците на манифестирање на овие девијантни појави кај младите  и последиците што може да настанат.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска спроведоа превентивна активност за правилно и безбедно користење на плински уреди, нивно редовно одржување и контрола на исправноста, со што би се спречиле несакани последици и загрозување на безбедноста, а на подрачје на Неготино пак, полициски службеници од ОВР Неготино реализираа превентивна активност за заштита и спречување на појави поврзани со семејно и родово базирано насилство.

На подрачје на Општините Чашка и Неготино, полициски службеници од Полициско одделение Чашка и ОВР Неготино денеска спроведоа сообраќајни превентивни активности на тема „Користи зимска опрема“, со цел да им се укаже на возачите дека на сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата и да се влијае на подигнување на свеста за обврската и потребата од употреба на зимска опрема, како важен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. 
Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, укажувајќи им на возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возилата, но и за потребата од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Вчера, полициски службеници од ОВР Кавадарци, спроведоа сообраќајна превентивна активност на тема „Не пиј кога возиш“, со цел подигнување на сообраќајната култура, потенцирајќи им на возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.


Денеска (25.11.2026), во просториите на ОСMУ „Никола Штејн“ во Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција, во содејство со вишиот инспектор при СВР Тетово, реализираа едукативно-превентивно предавање на тема „Злоупотреба на мало, лесно и ладно оружје“.

Основната цел на превентивната активност беше подигнување на безбедносната свест и култура кај учениците, превенција од насилство и навремено запознавање со законските, здравствените и социјалните последици од поседување и злоупотреба на оружје.

Преку визуелна презентација и интерактивна дискусија беа опфатени следниве тематски целини: Појаснување на поимите мало, лесно и ладно оружје, како и разликата помеѓу секојдневен алат и предмет кој на јавно место се третира како ладно оружје. Физички и здравствени повреди, психолошки трауми кај жртвите и сведоците, влијанието на врсничкиот притисок и социјалните мрежи, како и заблудата за носење оружје „за самоодбрана“. Одредбите од Законот за оружје и Кривичниот законик на Република Северна Македонија (член 396), кривичната одговорност на малолетници со навршени 14 години, како и одговорноста на родителите и старателите. Правила за безбедно постапување при забележување необезбедено или напуштено оружје („Не допирај – Тргни се – Пријави“) и запознавање со броевите за итни случаи и пријавување (112 и 192).

Мени за пристапност