На 26.11.2026 на повеќе места во централното градско подрачје во Делчево, полициски службеници од полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево реализираа едукативна кампања под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, којa се реализираше со лична средба на граѓаните (возачите), на кои им беа поделени летоци со едукативна содржина, а им беше и укажано за важноста на поседување и носење задолжителна зимска опрема во возилата која е задолжителна од 15 ноември, со цел на зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот.
На 26.11.2026 полициски службеници од полициска станица Свети Николе заедно со претставници од Црвен крст во Клуб на пензионери Свети Николе одржаа средба со повозрасни граѓаните - пензионери, за превенција од телефонски измами за сообраќајни незгоди.
На 26.11.2026 во централно градско подрачје во Виница полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Виница реализираа едукативна кампања под мотото „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило“. Целта е подигање на јавната свет кај граѓаните за побезбеден сообраќај.
На 26.11.2026 полициски службеници од полициска станица Кочани одржаа едукативно предавање во ООУ „Никола Карев“ во Кочани на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булинг и Сајбер булинг“, а се со цел да се зголеми безбедноста во училиштата.
На 26.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани во ООУ „Никола Карев“ во Кочани, на учениците од прво одделение од истото училиште им одржаа едукативно предавање со цел запознавање со основните сообраќајни правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.
На 26.11.2026 полициски службеници од полициска станица Берово во централно градско подрачје Берово реализираа превентивна активност под мотото „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. Основна цел е зголемување зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Денеска (26.11.2026), во периодот од 12:00 до 14:00 часот, во просториите на Основното општинско училиште „Единство – Башким Бирлик“ во Гостивар, Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со инспектори за малолетничка деликвенција од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Гостивар и претставници од Полициската станица за општа надлежност – Гостивар, реализираa работен состанок со директорот, претставници од педагошката служба и членови на Советот на родители при училиштето.
На состанокот беше разгледана безбедносната состојба во училиштето, при што посебен акцент беше ставен на превенцијата од врсничко насилство и булинг, злоупотребата на личните податоци, како и несоодветното користење на мобилните телефони за време на наставата. Исто така, беше дискутирано и за појавата на нови опасни интернет-предизвици и игри, меѓу кои и т.н. „764“, за кои Министерството за внатрешни работи во изминатиот период објави соодветно предупредување.
Присутните беа упатени на потребата од зголемена внимателност, навремено препознавање и пријавување на сите ризични појави, како и на натамошно зајакнување на координацијата и соработката помеѓу училиштето, родителите и полицијата, се со цел унапредување на безбедноста и заштитата на учениците.
Денеска (26.11.2026) во подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во село Долни Дисан, неготинско, беше реализирана показна вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, односно симулација на пожар, во рамки на која полициски службеници од ОВР Неготино во соработка со екипи од Територијалната противпожарна единица, ОО на Црвен Крст и Дирекцијата за заштита и спасување, ги презентираа мерките за заштита и спасување и начинот на постапување на службите на терен при евентуално настанат пожар. Целта е учениците да се запознаат со начините и протоколите за однесување во кризни ситуации, односно начинот на евакуација и брза интервенција при пожар.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци за учениците од средното училиште „Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци, реализираа едукативно предавање за заштита и спречување на врсничко и сајбер насилство. Притоа, учениците се запознаа со начините и методите за навремена превенција и справување со формите на насилничко однесување, облиците на манифестирање на овие девијантни појави кај младите и последиците што може да настанат.
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес пак, за учениците од прво и второ одделение во основното училиште „Васил Главинов“ во Велес, спроведоа едукативно предавање на тема „Правила за малите пешаци“, во рамки на кое децата се запозна со сообраќајните правила и прописи, при што преку презентации и интеракција им беше појаснето како да го зголемат нивото на безбедност во сообраќајот.
На подрачје на општините Чашка и Неготино, полициски службеници од Полициско одделение Чашка и ОВР Неготино денеска спроведоа превентивни активности за заштита и спречување на појави поврзани со семејно и родово базирано насилство. Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за нивните права и мерки за заштита при постоење на облици на семејно насилство и при тоа беа споделени постапките и процедурите при појава на овој вид на случаи, со акцент на важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство.
Вчера, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Користи зимска опрема“, со дел да им се укаже на возачите дека на сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата и да се влијае на подигнување на свеста за обврската и потребата од употреба на зимска опрема, како важен предуслов за безбедно учество во сообраќајот.