Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот

Превентивни активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот

Во текот на вчерашниот и денешниот ден (18/19.09.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, Отсекот за превенција при СВР Штип и СВР Битола во Куманово, Штип и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во с. Кравари, битолско, реализираа превентивни активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Во склоп на „Европската недела на мобилност“, што се одбележува од 16 до 22 септември, на граѓаните во Штип им беше укажано на потребата од почитување на сообраќајните правила, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, како и потребата од почесто користење на алтернативни превозни средства. На учениците пак, од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во с. Кравари, битолско, стручно обучени полициски службеници им објаснуваа како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во координација со општински инспектор по сообраќај од Општина Куманово, денеска спроведоа превентивна активност насочена кон безбедноста во јавниот превоз на патници, односно превозот кој го вршат таксистите, на кои им беше укажано на потребата од поседување на комплетна документација, вршење технички преглед на шест месеци и се разбира, почитување на сите сообраќајни правила и прописи.  Во текот на вчерашниот ден пак, во соработка со мото клубови од Куманово, беше реализирана превентивна активност насочена кон возачите на мотоцикли, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем.

Мени за пристапност