Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на врсничко насилство

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на врсничко насилство

 

Денеска (20.09.2026), во централното градско подрачје на Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово реализираа превентивна активност под мотото „Секој живот е важен“, како дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност (16–22 септември). Низ директна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи односно зголемување на нивото на сообраќајна култура, како и почесто користење на алтернативни превозни средства. На граѓаните им беа поделени и печатени едукативни материјали, изготвени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност – Скопје.
Во Куманово пак, вчера Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за превенција организираше „Игри без граници“, при што децата низ игра се дружеа меѓусебно, а им беа дадени и корисни совети со цел да се заштитат од девијантни појави, пред се врсничкото насилство.

Мени за пристапност