На 21.10.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес реализираа превентивни активности на тема „Ако пиеш не вози“ и за заштита од кражби. Активностите беа реализирани со цел да им се укаже на возачите за ризикот што го преземаат доколку седнат зад волан под дејство на алкохол, односно им беа делени совети како да ја зголемат личната безбедност и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.
Денеска, превентивни активности за поголема безбедност во сообраќајот беа спроведени во Прилеп и Кочани. На повеќе локации во централното градско подрачје во Прилеп на пешаците им беа посочени последиците кои можат да настанат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи во сообраќајот, како и тоа дека не смеат да користат мобилен телефон додека преминуваат на пешачки премин. Додека, пак, возачите беа советувани да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во основното училиште „Раде Кратовче” во Кочани беше одржано едукативно предавање со цел запознавање со основните сообраќајни правила и прописи и значењето на одредени сообраќајни знаци.
Исто така, денеска, на повеќе локации во Пробиштип реализирана е едукативна кампања под мотото „Да се заштитиме од џебни кражби”. Притоа, на повеќе средби, на граѓаните им беа давани совети за самозаштита од имотни деликти, а им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се, преку точно и брзо пријавување на бесплатниот телефонски броеви 112.