Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување на насилство, зависности и кражби

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување на насилство, зависности и кражби

Денеска (20.10.2026) полициски службеници од ОВР Кавадарци и СВР Штип во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во село Ваташа, кавадаречко, ООУ „Тошо Арсов“ во Штип и ООУ „Гоце Делчев“ во Виница реализираа едукативни предавања за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават, при што им беа појаснети начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Полициски службеници од ОВР Неготино и ПО Чашка, спроведоа превентивни активности за заштита од кражби, советувајќи ги граѓаните како да ја зголемат личната безбедност, со посебен акцент на џебните кражби, но  и да внимаваат на своите лични предмети и да избегнуваат истите да ги оставаат во своите автомобили. 

Полициски службеници од ПС БПС Берово спроведоа превентивна активност „Стави појас“ на повеќе локации во централното градско подрачје во Берово, при што на учесниците во сообраќајот им беше појаснета законската регулатива околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи, особено околу обврската за користење сигурносен појас, како од возачите, така и од сопатниците. 

Во Општинското средно медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, СВР Тетово реализира активност од превентивниот проект „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“, насочен кон учениците од прва година во сите средни училишта на подрачјето на Тетово и Гостивар. Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун.

Отсекот за превенција при СВР Куманово, пак, учествуваше во организацијата на турнир во мал фудбал во Општина Липково, со акцент на спортското навивање и спречување на насилство и говор на омраза.

Мени за пристапност