Денеска (22.10.2026) од страна на полициски службеници од СВР Штип беа одржани едукативни предавања во повеќе основни училишта на тема „меѓуврсничко насилство, булин и сајбербулинг“ при што на учениците им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците, како да ги препознаваат и каде да го пријават секој вид на насилство, а се со цел да се зголеми безбедноста во училиштата.
Денеска (22.10.2026) од страна на ПС ОН Делчево во соработка со РСБСП Делчево реализирана е превентивна активност во градинка во Делчево на тема: „Безбедни деца во сообраќајот - Се движиме безбедно“, каде на децата им беше одржано едукативно предавање на кое им беа објаснети основните сообраќајни правила и прописи и им беа појаснети правилата и прописите при преминување на крстосница и тоа како безбедно да ги поминуваат улиците, појаснето им беше и значењето на сообраќајните знаци и светлосните уреди.
Денеска (22.10.2026) спроведена е превентивна активност од страна на полициски службеници од ПС-ОН-Штип, Кочани и Берово на повеќе локации во централно градско подрачје во Штип, Кочани и Берово на тема, „паркирај совесно паркирај одговорно“, „ако пиеш не вози“ „ако возиш не пиј“ и ,,вози одговорно“.
За време на спроведувањето на активностите на возачите учесници во сообраќајот и беше посочена законската регулатива околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи и дека санкциониран ќе биде секој возач кој е несоодветно паркиран или е под дејство на алкохол. Поделени беа летоци и едукативни совети на возачите учесници во сообраќајот.
Денеска (22.10.2026) Отсекот за превенција од СВР Куманово спроведе превентивна кампања по ОА Безбеден сообраќај наменета за возачи кои превезуваат бебиња во транспортери, деца и лица под 12 години.
Преку кампањата им е укажано на возачите да не ставаат транспортери со бебиња на предното седиште, мали деца и сите лица кои не наполниле 12 години, во спротивно за секое загрозување на нивниот живот и предизвикани сообраќајни незгоди ќе се преземаат законски санкции според Закон за безбедност на сообраќај на патишта. На возачите се делени превентивни летоци со совети за безбеден сообраќај.
Денеска (22.10.2026) 22.10.2026 полициски службеници од СВР Велес и ОВР Кавадарци, на подрачје на Велес и Кавадарци, реализираа сообраќајни превентивни активности на тема „Стави појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на заштитен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. При тоа, им беше укажано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка пак, реализираа превентивна активност за заштита на шумите од бесправна сеча, при што граѓаните беа информирани за законските одредби и санкции, во поглед на бесправната сеча на дрва.
Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.
Денеска (22.05.2026) во седиштето на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи во соработка со претставници од РСБСП беше реализирана едукативно-превентивна активност со посета на најмладите учениците од прво одделение од ООУ „Гоце Делчев “- Илинден.
Учениците имаа можност непосредно да се запознаат со улогата и задачите на полицијата и полициското работење, полициско возило, полициски мотоцикл, како и со дел од службената опрема која сообраќајната полиција ја користат во секојдневното работење.
Исто така преку разговор и практична презентација, учениците стекнаа нови знаења за безбедноста, правилното однесување и значењето и улогата на полицијата во заштитата на граѓаните.
Од страна на претставници од РСБСП, на учениците им беа презентирани и основни правила за безбедно учество во сообраќајот, со посебен акцент на одговорното однесување на пешаците.
На крајот од посетата на децата им беше поделен едукативен материјал со цел подигнување на сообраќајната култура и безбедноста кај најмладите.