Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Тетово и СВР Штип за безбеден сообраќај и за безбедно славење на празниците

Превентивни активности на СВР Тетово и СВР Штип за безбеден сообраќај и за безбедно славење на празниците

Денеска (23.10.2026), во близина на наплатна станица Желино и на наплатна станица Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата „Алкохолот и воланот не се добар пар“. Основната цел на кампањата е подигнување на свеста кај возачите за опасностите и последиците што ги носи управувањето со моторно возило под дејство на алкохол.

За време на активноста, на возачите кои учествуваа во сообраќајот им беа делени едукативно-информативни летоци изработени во соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

Вчера (22.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово реализира едукативно-превентивно предавање на тема „Правила за малите пешаци“ во ООУ „Гоце Делчев“ во Тетово. Активноста беше наменета за најмладите ученици, со цел градење правилни сообраќајни навики од најрана возраст. За време на интерактивното предавање, приспособено на нивната возраст, учениците се запознаа со основните правила за безбедно учество во сообраќајот. На сите присутни ученици им беа поделени едукативни сообраќајни лектири „Безбедноста е најважна лекција“, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

На 23.10.2026 во Штип и Пробиштип, Отсекот за превенција при СВР Штип, заедно со полициски службеници од ПС за БПС Штип и од Полициската станица Пробиштип, по повод 23 Октомври -Денот на македонската револуционерна борба, реализираа превентивна кампања на тема „Празнувај достоинствено, безбедно и одговорно”. На средба со граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина, насочени кон унапредување на безбедноста, спречување на нарушувања на јавниот ред и мир, превенција од употреба на пиротехнички средства и огнено оружје, како и одговорно однесување во сообраќајот.

 

Мени за пристапност