Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

Превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

На 23.10.2026 на излезот на Град Скопје на подрачјето на Полициската станица Гази Баба и пред наплатна рампа Петровец, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа превентивна активност во областа на сообраќајот.

Притоа, во рамките на кампањите „Биди одговорен-користи сигурносен појас“, „Не користи мобилен телефон додека управуваш моторно возило“ и „Безбеден град за безбедни учесници во сообраќајот“, во непосредна комуникација со возачите беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи. 


За време на активностите, на возачите им беше поделен едукативен материјал подготвен од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Мени за пристапност