Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција Куманово организираа и спроведоа спортски настан – „Атлетски игри 2026“.

Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција Куманово организираа и спроведоа спортски настан – „Атлетски игри 2026“.

На 24.10.2026 година, Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за превенција Куманово организираа и спроведоа спортски настан – „Атлетски игри 2026“. На настанот учествуваа ученици од сите основни училишта во градот и се натправаруваа во повеќе атлетски дисциплини, како што се трчање на 60 метри, трчање преку препреки, скок во далечина, штафетно трчање и други.

Основна цел на оваа манифестација е дружење и запознавање на децата од различни училишта и различни средини, како и насочување на учениците слободното време да го искористат за спорт и спортски активности и на тој начин да се спречат насилството и девијантните појави меѓу децата.

Мени за пристапност