Денеска (20.08.2026) на подрачјето на СВР Велес беа спроведени низа превентивни активности. Во Кавадарци, полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци спроведоа активност на тема „Вози одговорно“.
На возачите им беше потенцирано дека се должни внимателно да управуваат со своите возила, да ја прилагодат брзината на движење, да користат сигурносен појас, да не возат под дејство на алкохол, да не употребуваат мобилен телефон и уште низа совети за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста на сообраќајот и унапредување на сообраќајната култура. Во Неготино беа реализиран активности на тема „Управувај технички исправно возило“ и „Заштити се од кражби“, додека полициски службеници во Чашка и Градско спроведоа превентивни активности за заштита од пожари. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.
На 20.08.2026 на подрачјата на Полициските станици Центар и Аеродром беа реализирани превентивни активности чија основна цел беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните во однос на имотните деликти, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста на граѓаните им беше укажано за начините на самозаштита преку информирање како не би биле лесна цел за криминалците. И за време на оваа активнст на граѓаните беше поделен едукативен материјал. На подрачјето на СВР Штип, исто така, беа спроведени низа превентивни активности. Во Кочани, Штип, Свети Николе реализирани се активности за безбден сообраќај на повеќе различни теми, додека пак во Берово реализирана е превентивна активност на тема „Превенција и заштита од пожари“. Преку непосредни средби и разговори на населението им беше појаснета опасноста од палењето на оган на отворен простор, шумски пожари и пожари во објекти.