Денеска (21.08.2026) на подрачјето на СВР Штип беа реализирани превентивни активности за заштита од пожари и за безбеден сообраќај. Во Делчево беше спроведена активност за заштита од пожари на отворено, додека во Штип, Кочани и Пробиштип беа спроведени низа активности за побезбеден сообраќај. За време на сите активности на граѓаните им беа делени летоци со едукативни содржини и со практични совети за заштита на шумите од пожари и за неопходноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи од сите учесници во сообраќајот.
На 20.08.2026 на неколку локации во Тетово, полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Тетово спроведоа превентивна активност со акцент на одговорното паркирање. За време на активноста беше потенцирано дека неправилното паркирање е причина за голем број сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите. Оттука, од особено значење е да се паркираат возилата само на местата определени за паркинг. Исто така, на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина.
Превентивни активности за побезбеден сообраќај, денеска беа спроведени во Велес и општина Чашка. Полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и од Полициското одделение Чашка особено ја истакнаа важноста од носењето заштитен шлем при управување мотоцикли, користењето на сигурносен појас, а на возачите им беше потенцирано да не управуваат возила под дејство на алкохол со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Во Скопје, на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивно едукативна кампања „Внимавај , телефонски измами“ и „Секој може да биде жртва”. Основна цел беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните во однос на имотните деликти, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста на граѓаните им беше укажано за начините на самозаштита преку информирање како не би биле лесна цел за криминалците.