Денеска (09.09.2026) во Битола, полициски службеници од СВР Битола спроведоа превентивна активност „И јас и ти сме пешаци“. На граѓаните им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи со цел намалување на ризиците од сообраќајни несреќи. Додека, пак, на возачите им беше потенцирана потребата од почитување на правилото за пропуштање на пешаците, а им беа поделени и летоци изработени од РСБСП.
На 09.09.2026 во Градскиот пазар во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница реализираа едукативна кампања под мотото „Да се заштитиме од џебни кражби”. Притоа, на средби со граѓаните им беа давани совети за самозаштита од имотни деликти (разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба, џебни кражби и други кривични дела), а им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на телефонскиот број 112. при што им беа поделени летоци со едукативна содржина.
На 09.09.2026, Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше превентивно едукативна активност под мотото „Стоп за булингот“ во основни училишта на подрачје на Полициската станица Бит Пазар. Основна цел беше подигнување на свесноста кај родителите и учениците. Булингот не е шега, не е „ детска работа“ и не треба да се премолчува. Секое дете има право да се чуствува безбедно, прифатено и почитувано – во училиштето, во своето одделение и меѓу своите врсници. Навредите исмевањето, понижувањето, заканите , физичкото насилство намерното исклучување од друштвото, како и навредливите пораки и објави на социјалните мрежи можат сериозно да влијаат врз самодовербата и психичката благосостојба на детето, а во исто време и на неговата безбедност. Затоа, борбата против булингот е заедничка одговорност на релевантните институции, родителите и учениците. Денеска во Скопје, на подрачјето на Полициската станица Центар, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивно едукативна кампања под мотото „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил”.
Основна цел беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните во одонос на имотните деликти како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Имено, за време на активноста на граѓаните им беше укажано за начините на самозаштита преку информирање како не би биле лесна цел за криминалците. Притоа, на граѓаните им се делеше и едукативен материјал со препораки со цел подигање на безбедносната свест.