Денеска (08.09.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово спроведоа превентивна активност под мотото „Кацигата на глава, безбедност и сигурност дава“. Активноста беше спроведена пред и за време на велосипедиската трка која традиционално се одржува секоја година по повод Денот на независноста 8 Септември, а која е во организација на Халк банка АД Скопје. Притоа, на учесниците на велосипедската трка им беа делени летоци со едукативна содржина, изготвени од МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност Скопје.
На 08.09.2026 на наплатната рампа Петровец, Одделението за превенција при СВР Скопје Скопје, во соработка со РСБСП, спроведе превентивно едукативнa активност по кампањите ,,Безбеден град" и ,,Безбедно лето, вози одморен“. Основна цел на активноста беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Имено, за време на активноста во непосредна комуникација со сите учесници во сообраќајот беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи. Воедно, на возачите им беше поделен едукативен материјал со информативна содржина.