Денеска (07.09.2026) во Скопје, Штип и Пробиштип, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Штип, ПС ПБС Штип и ПО БПС Пробиштип во Скопје, Штип и Пробиштип реализираа превентивни активности за безбеден сообраќај. Во Штип акцентот беше ставен на информирање на граѓаните за последиците што можат да настанат доколку возат под дејство на алкохол, а во Скопје и Пробиштип за потребата од редовно сервисирање на возилата, со цел тие да бидат технички исправни, за последиците што може да настанат доколку возачите користат мобилен телефон додека возат, како и за потребата од користење на сигурносните појаси, како од возачите, така и од сопатниците, пред се заради лична безбедност. На граѓаните им беше укажано дека мора да ги почитуваат сите сообраќајни правила и прописи за сите заеднички да придонесеме за безбеден сообраќај. Во Скопје беше спроведена и превентивна активност за заштита од имотни деликти, при што на граѓаните им беа дадени совети како да се заштитат од кражби и измами.
На 06.09.2026 на 36-то традиционално искачување на врвот Кораб, учествуваа и полициски службеници од РЦГР Запад и Единицата за интервентна полиција. При тоа, во координација со Ренџерската служба при Националниот парк „Маврово“, покрај мерките за непречено одвивање на настанот, учесниците беа информирани и за потребата од одговорно однесување со цел да се спречи било каква можност за настанување пожари или други загрозувања на природата.