Денеска (06.09.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на територија на ПО Петровец ( с.Сушица, с.Горно Коњари, с.Средно Коњари, с. Долно Коњари и с. Дивље) реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово пак во Тетово, спроведоа превентивна активност за безбедно управување велосипеди и електрични тротинети, при што на граѓаните им беше потенцирана потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено важноста од носење кацига, пред се за поголема лична безбедност.