Денеска (04.09.2026) во градскиот пазар во Штип, од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип и ПСОН Штип беше реализирана превентивна активност „Да се заштитиме од џебни кражби”. Преку директна комуникација со граѓаните, полициските службеници ги информираа за начините како да се заштитат од имотни деликти, а особено им беше потенцирана неопходноста од навремена и точно пријавување во полиција. На граѓаните им беа поделени и информативни летоци.
Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во централното подрачје на Скопје реализираа превентивна активност насочена кон безбедноста на пешаците, на кои им беше укажано дека како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, а при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони. Пешаците треба да бидат внимателни особено во вечерните часови, кога се движат на неосветлени локации. На граѓаните им беше поделен и печатен едукатиовен материјал.