Денеска (03.09.2026) на подрачјата на Ресен, Делчево и Берово, полициски службеници од ОВР Ресен, ПС Берово и ПС Делчево реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Низ директна комуникација, на граѓаните им беше укажано да не палат оган на отворено, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар, веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви.
Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал.