Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на кражби

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на кражби

Денеска (10.09.2026) на подрачје на Велес, Неготино, Делчево и Свети Николе, полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС БПС при СВР Велес, ОВР Неготино и СВР Штип реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Користи сигурносен појас“. Во рамки на активностите на граѓаните им беше укажано за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило и  обврската за користење на сигурносни појаси во возилата, која се однесува како за возачите, така и за патниците во возилата. Одделението за превенција при СВР Скопје пак, во централното подрачје на Скопје реализира превентивна активност насочена кон безбедноста на пешаците. При тоа, им беше потенцирана важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, во насока на зголемување на нивото на сообраќајна култура и зачувување на личната и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Македонски Брод во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк" во с.Пласница, Македонски Брод, реализираа превентивна активност со учениците, при што ги запознаа со основните правила и прописи во сообраќајот, односно како безбедно да стигнат од дома до училиште и обратно.

Полициски службеници од СВР Велес, ОВР Кавадарци и ПС Берово, денеска во Велес, Кавадарци и Берово реализираа превентивни активности „Заштити го својот дом“ и преку непосредна комуникација ги советуваа граѓаните како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен и печатен едукативен материјал.

Мени за пристапност