На 17.08.2026 и 18.08.2026 на подрачјето на СВР Велес, СВР Штип, СВР Охрид и СВР Скопје беа реализирани превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување и заштита од пожари на отворено.
На 17.08.2026 на наплатните станици „Отовица“, „Сопот“ и „Градско“, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализирана е активност во рамки на кампањата „Безбедно во лето-вози одморен, вози одговорно“. На возачите им беше укажано за важноста од управување на возило одморени, да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење. Денеска, пак, на подрачје на Велес, спроведена е превентивна активност на тема „Не заборавајте, сите сме пешаци“, во која главен акцент беше ставен на пешаците, односно дека и тие имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
На 18.08.2026 во Берово, Кочани и Делчево реализирани се, исто така, активности за безбеден сообраќај, при што на граѓаните им беше потенцирано дека тротинет може да управува лице кое наполнило 18години, дека е задолжително носење на кацига при управување мотоцикл и дека е забрането користење на мобилен телефон за времена управвуање на возило. За време на активностите беше поделен едукативен материјал со корисни соодржини за наведените теми.
Превентивни активности за заштита од пожари на отворено беа спроведени во Градско, во неколку села на подрачјето на СВР Охрид и на подрачјето на Полициската станица Карпош. Притоа, граѓаните беа советувани да бидат внимателни, со цел избегнување на опасноста од предизвикување на пожари на отворен простор во текот на летниот период и доколку забележат пожар да пријават на телефонскиот број 112. Исто така, беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што се фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите. Граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции, особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото „Предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик на РСМ по член 288, со што се предвидува казна затвор од 6 месеци до 5 години. И за време на овие активности на граѓаните им беше делен едукативен материјал.
На подрачјето на Чашка беше спроведена превентивна активност на тема „Не биди нем сведок“, а чија цел е превентивно дејствување за спречувањето на појавата на секој вид родово базирано насилство.