Вчера и денеска (16.08. и 17.08.2026) во Скопје, Тетово, Штип и Делчево беа спроведени превентивни активности за безбеден сообраќај, додека во општина Липково реализирана е превентивна активност за заштита од пожари.
Денеска, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивно- едукативни кампањои на повеќе теми поврзана со безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Основна цел беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
На 16.08.2026 на пат Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар спроведоа превентивна активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Исто така, денеска, полициски службеници од СВР Штип и ОВР Делчево реализираа активности за безбеден сообраќај. Со граѓаните на Штип беше разговарано дека е од особена важност да се почитуваат законските измени според кои електричен тротинет може да управува само лице кое има наполнето 18 години. Во Делчево, пак, внимание беше дадено на одговорно управување на возилата, односно да не се пие алкохол доколку се управува возило.
Полициски службеници од Отсекот за пребенција при СВР Куманово со полициски службеници од Полициското одделение Матејче и претставници од општина Липково денеска имаа заедничка патрола меѓу населението во општина Липково. Цел на оваа заедничка патрола е да се упати апел до населението да не се палат стрништа, сува трева околу куќите и нивите, да не се фрлаат отпушоци и на тој начин сите заедно да придонесеме за лето без пожари.
За време на сите активности на граѓшаните им беа делени летоци со едикативни содржини.