Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од зависности, кражби и измами

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од зависности, кражби и измами

На 18.02.2026 од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес беа реализирани превентивно- едукативни активности на подрачје на општините Неготино и Демир Капија на тема „Внимавај, телефонски измами“, „Заштити го својот дом“ и „Внимавај на својот паричник“. Во Домот на пензионери во Неготино, беше одржано едукативно предавање за повозрасната популација на граѓани, кои се најчеста мета на измамниците, при што беше укажано дека најчест вид на измами се оние кога непознати лица ги доведуваат во заблуда дека членови на нивните семејства се жртви во сообраќајни несреќи, се претставуваат како полициски службеници, лекари, адвокати и им барат одредена сума на пари. Во таков случај граѓаните треба веднаш да пријават во полиција и никако да не даваат пари. Вакви средби со граѓани беа одржани и во селата Тимјаник, Криволак, Пепелиште, неготинско  и во Демир Капија, како и во Берово од страна на полициските службеници од ОВР Берово. Денеска пак, во Неготино, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Неготино, реализираа едукативна работилница за ученици од седмо одделение од ООУ „Страшо Пинџур“ во Неготино, на која тие беа запознаени со улогата на полициските службеници, како и со важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи. 

Отсекот за превенција при СВР Охрид во содејство со општинската организација на Црвениот крст Охрид и Територијалната противпожарна единица, во општинското основно училиште „Кочо Рацин“ во Охрид, реализираа показна вежба за заштита и евакуација по сценарио за случен земјотрес. Вежбата имаше превентивен карактер, а целта е координација меѓу службите при елементарни непогоди. 

Полициски службеници од СВР Штип, РЦГР Исток и РЦГР Запад реализираа превентивни активности за побезбеден сообраќај и тоа на територија на општина Делчево, Кочани, Виница, како и на граничните премини Стење, Ќафасан и Св.Наум. Отсекот за превенција при СВР Куманово и ОВР Делчево во ДСУ „Киро Бурназ“ во Куманово и ООУ „Св. Климент Охридски" во с.Град, делчевско, реализираа едукативни работилници за спречување на зависности.  

Мени за пристапност